НЕ Е ЗА СМЕЕЊЕ, ЗА ЕМИГРИРАЊЕ Е

Сабина: Ваш супруг што је у хороскоп?
Жртвата 2: Сама сум, немам супруг.
Сабина: Многу сте духовити и добри, Бог је уз вас. Имате икона у куќа од Богородица.
Жртвата 2: Не, муслиманка сум.

Напомена: Секоја буква напишана во текстов е автентична и документирана

Саше: Добравечер, ова е повторно емисијата „Фактор икс“ на Сител телевизија. За жал, во ова време големиот хаос за џабе не се случуваат некои работи бидејќи во времето, самото коешто поминува, едноставно ни кажува дека треба да делуваме со огромна енергија и со потик за подобро утре, наше, сите заедничко, и за нашите деца. Бидејќи станува збор за нашите поколенија, да оставиме ние што сме живееле и на некој начин сме го упропастиле она што можеби да сме го направиле многу подобро, бидејќи нашите родители и нашите предци не размислувале можеби премногу да ни остават и на нас некоја убавина, да уживаме во животот. Да ги заборавиме сите оние војни, да појдеме во верата на Исуса и сите да веруваме во едно нешто, без разлика, и да се поштуваме меѓу себе. Сите традиции, сите можни, да речеме, луѓе коишто постојат на Земјината топка се подеднакво, со исто право, и сите животни воопшто надвор од… како животни нели, и луѓето, и ние сме, но и сите припадници на оваа Земјина топка коишто се надвор од луѓето имаат право да го живеат животот онаков каков што е. Војните се предизвикувачки од вештачки фактори, предизвикувачки од лошото. Ако продолжиме вака, во наскоро време ќе нè чекаат поголеми катастрофи. Не е ова заплашување, него само една опомена, која треба да се бориме против негативното, да не го дочекаме она страдалното. А бидејќи нема да страдаме – нема. Тоа е доказ од многу фактори дека меѓусебе само можеме да си направиме да си страдаме. И ќе кажам само дека еве оваа вечер за изгледот мој се погрижи женскиот салон „Џули“, кој се наоѓа во центарот на градот. Продолжуваме понатаму, значи, ве очекувам да останете и понатаму со нас, бидејќи имаме мало изненадување за вас… не изненадување, имаме една прекрасна дама, прекрасна госпоѓа, позната за некого, за некого можеби не, но сепак мислам за повеќемината дека е да. Ние почнавме да ги работиме тарот-картите, во неколку наврати тука во присуство беа правите тарот-карти на некој начин. Во нашето студио веќе е присутна и драго ми е што е присутна, но овојпат ќе видиме нели едни поинакви тарот-карти, но за тарот-картите какви се тоа ќе каже самата госпоѓа Сабина. Добравечер.

Сабина: Добро вече на сите што ме гледаат на телевизија Шутел…

Саше: Мислите на Сител.

Сабина: На Сител, се извинувам. Баш ми е мило ноческа што сум на телевизија, со Сашо, тоа е еден интелегентан дечко, ја само ги сакам интелегентните.

Саше: Да. Сабина, еве веќе подолг период се занимаваш со гледање тарот-карти, помагаш на луѓето, помагаш, едноставно овие карти коишто ти ги имаш… колку карти се во прашање станува збор?

Сабина: Триесет и шес. А ја имам тридес пет. Едната карта сум ја извадила, а тоа е смрт. А смрт на некого да му кажеш тоа е најлошо нешто во животот. И јас, мислим, секоја карта ја тумачам. Што значи, баш ми е мило ноческа што смо заједно, на телевизија.

Саше: Јас вечерва нема многу да зборувам, ќе оставам Сабина да им гледа на нашите гледачи, за они да се уверат како она гледа. Ало, еве ни гледач, добравечер, што си во хороскоп?

Жртвата 1: (женско): Вага.

Сабина: Колко имаш године?

Жртвата 1: Осумнаесет.

Сабина: А?

Жртвата 1: Осумнаесет.

Сабина: Ево, изненадна среча ти стои, нешто чезнеш, те чека и брак… нешто мало че да биде несречан овај брак, али че помине то. А вие сте исто од интелегентна фамилија, така ли е?

Жртвата 1: Па може да се каже.

Сабина: Нешто си била оштечена и душевно и материјално, разумеш?

Жртвата 1: Разумем.

Сабина: Нешто си многу расијана, а многу си духовита и добра и људите твојата доброта ја злоупотребуват….

Саше: Изгледа гледачката е исклучена, идеме на друг, ало, добравечер.

Сабина: Шта сте у хороскоп? Ево, видим овде, ви сте у кучи нешто оштечени и духовно и материјално. Ти имаш неко имање од твојата фамилија.

Жртвата 2 (женско): Не.

Сабина: Наследно нешто ти стоји.

Жртвата 2: Немам ништо.

Сабина: Ваш супруг што је у хороскоп?

Жртвата 2: Сама сум, немам супруг.

Сабина: Многу сте духовити и добри, Бог је уз вас. Имате икона у куќа од Богородица.

Жртвата 2: Не, муслиманка сум.

Сабина: Ааа, муслиманка сте… Све сте наидувале на некои погрешни особи. Немаш у никого поверења, така ли е?

Жртвата 2: Да.

Сабина: Од кај татко ти страна си имала некоја лоша особа и таа особа… нешто незгодни работи, не е згодно да зборам, ме разбираш…? Изненадна среќа ти стоји, нешто губиток, нешто си била оштечена и душевно и материјално… Што си имала проблеми, нешто со желудник?

Жртвата 2: Е не сум имала со желудник.

Сабина: А?

Жртвата 2: Не, не.

Сабина: Ја морам да ти кажем отворено зашто не смем да лажем, картите нема да ми се отвараат ако лажем. Дали сте задоволни, госпоџо од мене? Фала многу што се јави и пријетно.

Саше: Еве нов гледач. Добравечер.

Жртвата 3 (машко): Добровечер.

Сабина: Ти што си имал нешто проблеми со здравје?

Жртвата 3: Никогаш, фала богу.

Сабина: Фала богу. Нешто си се карал со жена ти.

Жртвата 3: Не, нема ништо такво.

Сабина: Што нервозан си у кучи?

Жртвата 3: Не сум нервозен.

Сабина: Нешто чезнеш, документи некои ти стоје од суд.

Жртвата 3: Не знам, не.

Сабина: На работно место успех ти стоји, работиш ли?

Жртвата 3: Не.

Сабина: Има једна година некако не иде. Што си у хороскоп моментално?

Жртвата 3: Вага.

Сабина: Вагите се многу духовити. Што си нешто био као оштечен и душевно и материјално? На људите све им кажеш у очи. Изненадна среќа ти стоји, далек пут, сега си бил на пут скоро.

Жртвата 3: Не знам, не сум бил нигде.

Сабина: Хвала пуно, пријетно.

Саше: Јас, господине, само сакам да ви кажам дека од вас се чувствува една огромна енергија, која е позитивна, и јас ќе ги замолам во режија да го запишат Вашиот број и јас и Вие да контактираме. Во ред? … Во ред. Јас верувам дека ќе одиме ние понатаму. Имаме гледач на нашата линија.

Жртвата 4 (женско): Добровечер.

Сабина: Нешто си била оштечена и душевно и материјално, изненадна среќа ти стоји, Бог је уз тебе, нешто чезнеш. Дали си ти у брак со твојот супруг?

Жртвата 4: Да.

Сабина: Колко имаш године?

Жртвата 4: Четириесет. Покасно се мажев.

Сабина: Е па сега, тоа е.

Саше: Никогаш не е касно за ништо.

Сабина: Да… како што каже Саша, така. Изненадна среќа ти стоји. Има једна година некако не иде. Нешто губитак и нешто мало несречно че се осечаш и оштечена и душевно и матријално.

Жртвата 4: Фала пуно за то што си ми рекла, пријетно.

Саше: Јас само можам да додадам дека на гледачката ѝ претстои една блиска, блиска иднина и дека во некое наскоро време ќе се најде и патот до твоето спасение… Имаме друг гледач…

Сабина: Господине, ти секогаш си бил ценет во животот.

Жртвата 5: Да.

Сабина: На никого не си згрешил.

Жртвата 5: Тачно.

Сабина: Нешто си мало несречан био. Документи очекуваш у куќа, што си имал скоро некое недоразбирање? Вашата супруга што е у хороскоп?

Жртвата 5: Не знам, разведени сме.

Сабина: Несречан си био у браку. Изненадна среќа ти стоји и далек пут. А сад имате некоја особа поред вас?

Жртвата 5: Да.

Сабина: Шта је она у хороскопу?

Жртвата 5: Не знам… Није… не е моментално, али така, доваѓа…

Сабина: Од време на време…

Жртвата 5: Да.

Сабина: Шта си ти у хороскоп?

Жртвата 5: Рак.

Сабина: Ти си нешто био оштечен и душевно и матријално… Има једна година некако не иде. Оваа година имаат успех Ракови, водени знаци. А то је и Саша, он је воден знак, има успех…

Саше: Не, не, ја сум ваздух. Водолија.

Сабина: Водолиите имаат успех Раковите. Ајде замисли желба… Сега оваа желба за здравје ја замисли, нели?

Жртвата 5: Не.

Сабина: Да, да, видим ја тука дека ја замисли за љубав. Ја сум позната, мислим, личност и све кажувам ко што је…

Саше: Јас ќе го поздравам гледачот пред сè… Сабина, како што можеш да приметиш, јас не ти се замешувам во ништо, бидејќи гледам дека исцрпно се трудиш, напорно се трудиш и многу ми е драго што си ми гостинка. Сега да зборуваме малку за Сабина. Што се случува со Сабина, од кај е таа способност кај неа?

Сабина: Па види, мајка ми, она је мислим од потекло од Босна, и она нешто имала некоја дарба. И она пред да умре, она вика, на тебе че ти оставам аманет. И ја ја сонувам мајка ми на трипати и она вика људите имаат мака, мора да помагаш. И ја така им гледав на људите, ја знаев дека ќе се деси ова у Америка и тој ден палев свеќа за македонскиот народ. Пуно поздрав до сите што ме гледаат, македонскиот народ је духовит и добар, мислим ја сам Босанка и ќе останам, али… добро, има секакви луѓе… духовити кај мене пуно има, ја знам и албански, зашто ние Раковите сме многу интелегентни, знаеме јазици. Баш ми е мило на телевизија Сител што сум, цела Македонија ме гледа, пуно поздрав до сите тие, и што ме обожаваат, и ја сум позната личност…

Саше: Да, и повторно ќе ве повикаме. Ова драги гледачи беше уште едно видување од погледите на аспектите на тарот-картите. Јас овојпат не сакав да се замешувам и да се мешам, да не испадне голема мешаница. Како и да е, јас верувам дека сите нас, како и вас, ќе ни биде драго да видиме следниот пат во истото време, дотогаш ве поздравувам. За мојата фризура си се погрижи мојата фризерка, бјути салон „Џули“, а вие останете на телевизија Сител бидејќи има многу добри филмчиња, а верувам и многу други интересни работи. Бидете ми добри.

 

Запишала и успеала дa преживее,
Ружица Пејовиќ

Јануари, 2017 година на off.net.mk

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Искривени вредности

До мене седи еден и си го пие кафето без смартфон и без таблет. Ебате психопатот.   Деца, млади и возрасни...

Close