БОИТЕ ВО ДОМОТ

1. Жолта

zolta

Жолтата е весела и оптимистична боја, а така влијае и на луѓето. Буди позитивни емоции и шири добро расположение. Ако се чувствувате лошо и депресивно, жолтата боја ќе ве расположи. Во жолто можете да ги обоите ѕидовите од кујната, дневната или работната соба. Исто така, просториите како што е на пример, купатилото, можете да го украсите со жолти детали. Веднаш ќе се чувствувате повесело и поубаво.

 2. Црвена

crvena

Црвената боја е боја на страст и романтика и одличен избор  за спалната соба.  Исто така, буди чувства на блискост и топлина.Црвената одберете ја за просториите во кои минувате време со луѓето кои ги сакате. Сепак, со оглед на тоа што е исклучително силна боја внимавајте да не претерате со нејзината употреба во домот.

 3. Сина 

sina

Сината боја е најдобра за просториите во кои сакате да имате мир и спокој. Делува смирувачки затоа што не потсетува на вода. Исто така, сината зачестено се користи во канцелариите затоа што поттикнува продуктивност и ја намалува напнатоста.

4. Зелена

zelena

Зелената боја се поврзува со природата и со отворени простори. Добар избор е за оние кои немаат време да поминуваат многу време во природа. Исто така, зелената боја се поврзува со лекување и со добро здравје. Добро е да ја одберете за просторија во која вежбате, на пример, јога.

 5. Бела

bela

Белата е убава боја, но ако премногу ја користите може да изгледа ладно и стерилно. Затоа е најдобро да ја комбинирате со други бои. Таа дава свежина и чистота, но за да постигнете рамнотежа најдобро е да ја комбинирате со други бои.

  6. Црна

crna

Црната ја одржува силата, но со оглед на тоа што станува збор за неутрална боја, потребно е да се комбинира со други малку поживи бои. Црната е безвременска и убаво оди со повеќето други бои, такашто практично и нема ограничувања. Единствено правило е дека не смеете да претерувате.

  7. Виолетова

violetova

Оваа боја добро ќе функционира во спалната соба, а се поврзува со романтика и разиграност. Само добро размислете со кои бои ќе ја комбинирате затоа што не оди со сите.

 8. Портокалова

portokalova

Поради фактот дека на просторот му оддава енергија и интензитет, портокаловата боја е идеалнa за простории каде се предвидува зголемена активност.  Таа внесува топлина и гостопримливост во просторот.  Со внесување на живи бои како што е портокаловата, во просторија во која нема доволно природна светлина, истовремено се постигнува и визуелно зголемување на просторот.

portokalova1

Како и за повеќето бои, така и за портокаловата боја важи  – доколку се двоумите со која боја да ја искомбинирате, едно од решенијата побарајте го во природата, односно во плантажите на портокали каде таа е во совршена кобинација со зелената.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Сине мој, го дадов живот за тебе а ти заборави се!

Емотивно писмо од една стара мајка до својот син: Сине мој! Ова писмо е од твојата мајка која одамна ја заборави....

Close