Денот до небиднина

Бојана Коштрева
Бојана Коштрева

Уште едно утро будни сме…

Го вдишуваш копнежот на човечкиот живот, издишуваш, размислуваш… рутинска програма повторувана секојдневно и нема промени. Самата анализа не е доволна таа ти дава само информации и за што најпосле !?

–  за уште повеќе сомнежи.

Отвараш очи сваќаш дека сега, токму денес треба да ја зграпчиш можноста, силно да ја турниш до границите на своето постоење  затоа што големите нешта доаѓаат смирено од немирни срца со неостварена пасија.

Илјадници идеи, разговори, срцебиења, преплашени но истовремено предозирани со адреналин и ентузијазам жедни за предизвици ете такви сме.

Тогаш некако природно сваќаш дека вака изледа секојдневието и таа грда егоистична желба што се појавила.

Секој здив носи своја тежина, некој повеќе некој помалку силно,  достоинствено го носи товарот кој удобно налегнал на сопствениот грб и тоа безгласно.

Небитно.. Патот е тој, насоката се знае одиш само напред кога веќе си тргнал не врти се наназад, и продолжуваш така како брод што плови низ животот со товар од гени, циркулираш во тој  круг придонесуваш за индина или небиднина, но патот, таков е оној кој го пробал овој болскотен асфалт  ги познава стравовите содржани во еден таков процес на суштествување.

Можеби ќе застаневме по пат да одмориме, да не бевме со гладни џебови наренети со амбиција, и ќе застаневме да издишиме кога би имале време, само некој да ни каже уште колку долго треба да се оди.

Утро е и ништо ново надвор.. гледаме јасно со поглед кој не е змаглен од страв или од желба, и така тивко крадеме минута од денот за ретроспекција на секој збор кој овде е измислен, на секоја наша желба со измерена валута па наметнуваме строга цензура над себе, но она што нема да го кажеме ни се акумулира во телото, тоа што не го кажуваме се претвора во фрустација, во отров кој ни ја труе душата, а уште поужасно од осудата е каењето за сето добро кое не сме го направиле.

Интуицијата не води кон искуство, искуствотот не тера на промена и така брзаме кон нови авантури за да најдеме нов пат, за да излезeме од стапките  кои веќе се изгазени и да тргнеме напред без да знaеме каде ќе пристигнеме и во цел тој процес да станеме подобар Човек од тој што сме биле вчера.

Потпишано од Бојана Коштрева

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Ти не го стори тоа…

Close