Искривени вредности

До мене седи еден и си го пие кафето без смартфон и без таблет. Ебате психопатот.

 

Деца, млади и возрасни се чувстуваат несреќни и без сомодоверба дека нешто немаат. А немаат кола, добар смарт телефон, брендирана гардероба, можност за секојдневни излегувања, ручеци и вечери во ресторан и слично. Сите тие мислат дека успешни се само тие кои тоа го имаат. Сите сакаат сега и се, бидејќи сега се млади, сакаат разонода, да  живеаат богато и успешно.

Е, прашањето е како да се дојде до тоа? Најчесто повеќето одговорот го бараат во кладилници, игри на среќа, наследство, женидба/мажачка за богат партнер. Работа за нив не е опција. Вложувањето во соствените знаења  и стекнувања други способности е претежок и долготраен пат. Се очекува нивната околина (родители, фамилија, пријатели, државата) да им ги реши нивните проблеми. Се чувстуваат несреќни ако веќе на 18 години ги немаат статусните симболи кои се врзуваат за успех.

Зарем сето ова не укажува на општество со изместен систем на вредности (интелектуални, социјални, материјални)? Повреден е тој што има повеќе (без разлика како го стекнал), а не тој што знае повеќе. Цената за влез во „ин“ друштвото се парите.  Таквиот систем на вредности во еден дел го дефинираат и некои многу агрсивни реклами служејќи се со различни пораки и фотографии, врзувајќи го  својот производ или услуга со чувства кон кои тежнееме, како чувство на моќ, слобода, успех, самодоверба, атрактивност и што ли уште не.

Со оглед на тоа дека тие чувства моќно влијаат на нас постојано да тежнееме кон нивно остварување, така што секој производ кој се врзува за нив исто така добива на сила и влијаат на нас изедначувајќи го прозиводот со тоа кон што тежнееме. Ако купиме добра кола сметаме дека ќе бидеме посигурни, атрактивни, другите ќе видат дека сме успешни, што ќе ни даде одредено чувство на моќ. Но, проблемот е што се развива илузија дека со тоа што сме купиле некој производ оддеднаш ќе станеме пожелни и успешни. Добиваме чувство дека моќ, атрактивност, среќа и успех можат да се купат. Од друга страна тука се и богатите  припадниците во општеството присутни и во медиумите. Сето тоа надворешно изгледа примамливо и некако подразбира  дека тие се среќни со сето тоа што го имаат. Но дали навистина е така?

Сепак вистинската среќа, исполнетоста и успехот се темелат на личното чувство дека со својот труд и работа се остваруват вистинските вредности. Со други зборови, вредно да работиме тоа што сме го избрале, да се остваруваме преку резултатите од работата. Тоа е основата за квалитетен однос спрема себе, како и спрема другите.  Мораме да се ослободиме од негативнитните илузии за инстант успех и богатство кои се синоним на среќа, поради тоа што таквите илузии можат да не направат трајно несреќни луѓе.

Треба да се развива сопствен систем на вредности и да се живее во склад со нив, неизедначувајќи го богатсвото и среќата.  Само така од рекламите ќе го извлечиме само најдоброто (информацијата, промисленоста), а не да подпаднеме под нивно влијание на површни вредности кои во реалниот свет едноставно не постојат.

Колку и да е  тоа тешко да се прифати, сепак вистина е дека материјалните добра се последица на успехот, а не негова причина.  Не треба да тежнееме да имаме многу, туку да бидеме многу. Ако сум тоа што имам и ако  тоа што го имам е изгубено, тогаш кој сум јас?

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Веќе немам …

Веќе немам трпение за некои работи, не затоа што сум станал арогантен, туку едноставно затоа што сум до една точка...

Close