Корисни собни растенија во домот

Неверојатни корисни собни растенија кои го прочистуваат и освежуваат воздухот во домот

Кон крајот на 1980 година, NASA и  the Associated Landscape Contractors of America  проучувале   различни начини за прочистување на воздухот во вселенските летала. Тие откриле дека некои цвеќиња или собни растенија кои се чуваат во домот се покорисни  од голем број на високо-технолошки доадотци и средства за прочистување и освежување на воздухот кој го дишеме во просториите.

Еве листа на цвеќиња или собни растенија кои помагаат да се отстранат опасните супстанции и непријатни миризби кои  се присутни  наоколу во воздухот во домот. Доколку ги имате во домот  ќе можете да уживате во свежиот воздух засекогаш!

Во Кујната

Azalea –  не само што е позната по својата убавина, туку во кујната ќе ви помогне да се филтрираат формалдехидот и  бензенот од детергентите и мебелот од иверка.

За детските соби

Gerbera jamesonii –  има можност за отстранување на бензенот кој произлегува од пластични производи, синтетички влакна, гума, мастило и други индустриски материјали  кои можат да се најдат во домот.

За дневната соба

Ficus benjamina  –  неутрализира пареа на формалдехид, толуен и амонијак. Посебено корисно растение кое  ако се стави во близината на печатач, скенер или било која друга канцелариска опрема. Беџаминот помага за одржување на влажноста во воздухот.

За спалната соба

Луѓето користат Аloe Vera  повеќе од 6.000 години. Уште старите Еѓипќани знаеле за лековити својства на ова растение и  го  нарекувале “растение на бесмртноста“. Дури и денес  ова растение се смета како ефективно средство за лекување на кожни заболувања, рани и изгореници. За разлика од неговото медицинско значење, ова растение  исто така, може да помогне да се филтрираат формалдехидот и бензенот од домот. Интересно е тоа што го апсорбира јаглерод диоксидот и ослободува кислород во текот на ноќта – спротивно на тоа што прават другите растенија.

За студија и канцелариски простории

Cereus peruvianus (исто така наречен и перуански  Apple Cactus) е подобро од било кои други растенија во апсорбирањето на електромагнетни емисии кои доаѓаат од компјутерите.

За холови

Solenostemon  – растение кое не бара ѓубрење или пресадување. И покрај тоа што потекнува од  тропските области, ова растение  опстојува  многу добро и  во вакви простори.  Растението е познато не само  по својот прекрасен изглед, туку  и  по неговата способност да ги филтрира  опасни загадувачи.

За стари куќи  и надворешните прозорци

Pelargonium decontaminates – го освежува воздухот, ги убива бактериите и со месеци ги држи подалеку. Нејзините етерични масла не само што обезбедуваат пријатен мирис, исто така, смирувачки влијаат на сонот и нервниот систем.

Објавено на Bright Side

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
МАКЕДОНСКОТО ВИНО

Приказната  за Македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите  кои традиционално и со векови се...

Close