Лекција за привилегираноста

Еден наставник решил да го научи својот клас за тоа што значи привилегираноста, па така направил едноставна вежба. Првин сите ученици добиле лист хартија кој го стуткале во топка.

n01

Потоа пред таблата ја поставил корпата за отпадоци.

n02

„Вие го претставувате населението на нашата татковина и со оглед на тоа дека сме демократска земја, секој од вас има шанса да стане богат и да се издигне во погорните општествени слоеви.“

n03

„Сѐ што треба да направите е да ги уфрлите вашите хартиени топки во корпата, но не поместувајќи се од вашите столови.“

n04

Се разбира, на учениците кои седеле одзади им било потешко од тие кои седеле напред, и се пожалиле дека не е фер.

n05

Сите ги фрлиле своите топки и многумина (но не сите) од првите редови успеале да погодат, а само неколкумина од задните редови, како и што се очекувало.

n06

„Колку поблиску сте до корпата за отпадоци, толку поголема шанса: тоа е привилегија. Дали забележавте дека единствените кои се жалеа се тие кои седат во задните редови?“

n07

„Но затоа учениците кои седат напред сте помалку свесни за вашата привилегија. Единствено што гледате е целта која се наоѓа на неколку чекори од вас.“

n08

„Вие сте ученици кои добивате образование, и вашата работа се состои во тоа да бидете свесни за вашата привилегија. Искористете ја оваа привилегија која ви се нуди наречена „образование“ за да се обидете да постигнете големи нешта во животот, но исто така застапувајте се и за тие кои животот ги поставил зад вас.“

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Нешта што децата би сакале да ги знаат нивните учители

Кога Кајл Шварц почнала да предава во трето одделение во основното училиште Доул во Денвер, таа сакала подобро да ги...

Close