Од другата страна

Патник во воздушен балон ја изгубил оринетацијата. Го спуштил балонот пониско и здогледал една жена на земјата… Се спуштил пониско и ѝ виканал:

–  Извинете, можете ли да ми помогнете? Му ветив на еден пријател дека ќе се најдам со него, ама не знам каде се наоѓам.

Жената му одговара:

– Се наоѓате во балон на 10 метра над земјата, 49 степени 28 минути и 11 секунди географска ширина и 8 степени 28 минути и 58 секудни географска должина.

– Ви сигурно сте инженерка – рекол човекот во балонот.

– Тоа сум – потврдила жената, а како го знаете тоа?

– Па, се што ми рековте е технички коректно, но јас немам појма што да правам со тие информации, а точно е дека јас сеуште незнам каде се наоѓам. Искрено, не ми бевте од голема помош, само ми го продолживте патувањето.

Жената му одговорила:

– Вие сигурно работите во менаџментот?

– Да – одговорил човекот од балонот, но како Вие тоа го знаевте?

– Ех, одговорила жената, ниту знаете каде сте, ниту каде одите… Сте стигнале на така висока позиција само со дувување. Сте му дале ветување на пријателот, а немате појма како да го одржите, а очекувате од луѓето под вас да го решат вашиот проблем. Факт е дека сте во иста изгубена позиција како и пред нашата средба, но сега ми изгледа како јас да сум крива за тоа!

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Што сакаат жените, знаат ли?

            Што сакаат жените, знаат ли?????? Ѝ даваш комплимент – не прифаќа. Не ѝ даваш...

Close