ОД КАДЕ

 

 

 

 

 

 

 

 

ОД КАДЕ 

Од каде твоите зеници

во моите очи

Од каде твоите сништа

во моите ноќи

Од каде твојата тага

во моите гради…?!

Од каде моите траги

на твоите усни

Од каде моите солзи

под твоите трепки

Од каде мојата нежност

во твоите прсти.

Од каде моето небо

во твоите очи

Од каде твојата воздишка

во моите мисли

Од каде твојата душа

во моите вени.

Па сега не знам

каде завршувам јас

а каде почнуваме ние

Ајде, ама навистина, кажи ми

од каде во мене ти?!

 

*** Mariana Qunbar ***

mirbek.com

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Јапонските предрасуди за Европа

Ник Капур, професор  за јапонска и источно азијска историја на универзитетот Рутгерт направил интересна мапа на Европа која  прикажува  како...

Close