Одмаздата на изневерениот војник

За време на воената служба во Авганистан  еден војник добива писмо од  својата девојка  во кое му признава дека го изневерила со двајца мажи додека тој е отсутен и дека сака да ја раскине нивната љубовна врска.

Во продолжението од писмото, таа од него побара да ѝ ги врати сите нејзини фотографии кои ги има кај него.

Типот, на досетлив, културен и елегантен начин, го направил најдобриот потег за да го возврати ударот за љубовното неверство.

Од своите воени другари ги собрал сите фотографии од нивните девојки, вереници и сопруги, кои ним не им биле потребни, па ги испратил на адреса на неговата неверна девојка со порака: „Не се сеќавам која си ти. Те молам земи ја својата слика, а останатите врати ми ги!“

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Мудрости за животот

Серија на илустрации кои можат на секому да му послужат како животни совети и лекции.  Лекции кои  треба да се...

Close