Писмо до мојата поранешна девојка: Среќен сум што не ме задржа…

Драга личност која некогаш нешто значеше,

Ти пишувам за да ти се заблагодарам за твојата неспособност.

Да ги забележиш неверојатните делови на мојата сакана личност.

Ти благодарам што беше недоволна, плашлива и скршена.

Не можам да ги пронајдам вистинските зборови за да ти кажам колку сум среќен

Што ти не успеа да ме задржиш.

Да бидам јасен: Не мислам дека си лоша личност.

Сигурен сум дека си добра,

Но едноставно не можеше да се посветиш,

Барем не онака како што мене ми требаше да се посветиш.

Оваа е посебна.

Таа е како ниту една друга личност која сум ја сретнал досега.

Со нејзината чудна смисла за хумор.

Со дамките на рамениците направени од сонцето.

Нејзината насмевка која ја осветлува секоја соба.

Ти благодарам уште еднаш.

Мило ми е што си замина

За да можам да ја пронајдам неа

И да ја освојам.

Ќе ти кажам една тајна.

Не би требало да го кажам ова,

Бидејќи сè уште не сум и кажал на неа,

Но ќе се венчам со неа.

Го гледам одговорот „Да” во нејзините очи.

Таму е веќе некое време,

Исто како што прашањето стои на врвот на моите усни.

Подготвен сум вечно да бидам со неа.

Искрено,

Нејзината сегашност и иднина

 

Објавено во дневниот весник ВЕЧЕР

Текстови од истата категорија:

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Нешта што децата би сакале да ги знаат нивните учители

Кога Кајл Шварц почнала да предава во трето одделение во основното училиште Доул во Денвер, таа сакала подобро да ги...

Close