Продолжи да одиш

Продолжи да одиш

И тревата станува пат

И морето станува пат

И ветерот станува пат

Кога по нив се гази

Само продолжи да одиш…

Не плаши се ако ветерот има сила на ураганот

Тоа судбината  ја проверува

издржливоста на твоите чевли

Не плаши се дека ќе залуташ, оди и не врти се

Помисли дека без ветрови нема ни едрење

И стравот ќе помине

Продолжи да одиш,

Цврсто верувај на твојот сон

Не плаши се од зборовите,

ако усните замолчат очите нема да можат

Кажи го тоа што го мислиш

и стравот ќе помине

Продолжи да одиш,

Следи ја линијата на челото и таа ѕвезда во очите…

Не престанувај да сонуваш само затоа што другите не можеле

Тагата има бранови како море а ти одамна знаеш да пливаш

Утешно е што постојат и тие кои патат и од  премногу среќа…

Продолжи да одиш,

Ако паднеш, стани, излижи ги раните и не врти се наназад

Не губат тие што паднале, туку тие кои останале да лежат

Животот е борба

Душата ти е единственото оружје

Продолжи да одиш,

Не се откажувај од соништата

И тревата станува пат

И морето станува пат

И ветерот станува пат

Кога по нив се гази

Не плаши се од ѕидовите и браните

Тоа е само животна патека

Таму каде се завршува старата

Новата почнува и продолжува

Продолжи да одиш,

И ќе успееш!!

 

*** Mariana Qunbar  (препев)***

mirbek.com

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
МАКЕДОНСКОТО ВИНО

Приказната  за Македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите  кои традиционално и со векови се...

Close