САКАМ ПОВТОРНО ДА СЕ НАДЕВАМ

Не учеа на општите морални вредности. Кога бевме мали, родителите, кумовите, наставниците и пријателите беа луѓе вредни за почит и углед и дека е невоспитано да им се спротивставуваш на постарите, учителите, на родителите. Чувствувавме искрено почитување.

Денеска сме тажни поради тоа што го изгубивме, поради тоа што ќе се плашат нашите деца еден ден.

Човекови права за криминалци …?
Ограничени права за поштени граѓани…?
Да ги враќаш долговите или да бидеш будала…?
Амнестија за преваранти…?
Поштените се глупави…?

Да не го искористиш некој, значи ли тоа дека си будала или глупав…?
Претепани професори во училиштата, манипулации во банките, експлоатација на работниците, корупција во болниците и судовите, мито, кражби, убиства…
На прозорците решетки.
Изолирани во сопствените светови.
Децата бараат награда за да ги завршат домашните задачи.
Мобилни телефони во ранчињата за во градинка.
Поважен е ЛЦД телевизор или мобилен телефон од разговор.

Какви се тоа вредности?

Сакам прозорци без решетки и камери.
Сакам надеж. радост, доверба…
Сакам заеднички и едноставен свет, љубов, почит, солидарност.

САКАМ ПОВТОРНО ДА СЕ НАДЕВАМ.

Текстови од истата категорија:

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Празната книга и мастилото

Ноќ, тивка и студена. Сама сум, со солзи во очите и болка во градите. Седам покрај каминот полн со тага,...

Close