Шанса му е дадена на секој

Огласот гласел: „Се продава вила покрај море, 3 спрата, со базен и градина. Цена 1$“.

– Глупост! – прокоментирал бездомникот и го фрлил весникот.

Шетајќи по улицата во потрага на храна, на ѕидот на една зграда повторно го воочил огласот: „Се продава вила покрај море, 3 спрата, со базен и градина. Цена 1$.“ Грешка во текстот, веројатно, помислил бездомникот мрмљајќи во себе и продолжил понатаму.

Излегуваќји на главната улица, вниманието му го отргнал билбордот: „Се продава вила покрај море, 3 спрата, со базен и градина. Цена 1$.“ Бездомникот се замислил. Неговата радозналост не му давала мир, па решил да провери која будала може да напише такво нешто.

Намал што да загуби, освен последниот долар во џебот.

Дошол на адресата, ја видел истата таа вила. Срамежливо заѕвонил на вратата. Вратата ја отворила убава жена.

– Ивинете… јас сум во врска со огласот … да не е во прашање некоја шала?

– Не, не!. На вистинското место сте!. Се е во ред.

– Мислам на цената … 1 долар …. дали е тоа таа цена?

– Да, така е, 12 долар! Ако сте заентересирани можете да ја разгледате куќата.

Од возбуда од виденото, бездомникот го дал последниот дола и станал сопственик на фантастична вила. Ама сепак решил да ја праша жената зошто цената е толку неверојатно ниска?

На тоа, насменувајќи се, жената одговорила:

„Мојот маж пред својата смрт во тестаменотот  назначил  да ја продадам вилата, а парите од неа да ги уплатам на сметката на неговата љубовница. Не можам да не ја исполнам неговата последна желба. Огласот стоеше 6 месеци и вие сте првиот кој се јави на него. Ви посакувам се најдобро!“ И заминала.

Наравоучение: Шанса му е дадена на секој. Потребно е само да се верува дека невозможното  е возможно!

 

 

 

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Современ превод

Современ превод на народни имиња и изрази со зборови и синтагми од новиот ни век ајван доктор – ветеринар бело лице...

Close