Современ превод

Современ превод на народни имиња и изрази со зборови и синтагми од новиот ни век

ајван доктор – ветеринар
бело лице – депилирана
тенка става – анорексична
руси коси – бланширана
верна љуба – (фолклор, не постои)
врана коња – црн џип од новите
црна чума- СИДА, свински грип, ХПВ итн.

токмак – говорете македонски
Дете Голомеше – клошар
верни побратими – најбољи другари
сретсело – центар, даунтаун
оро сретсело – техно-рејв забава
биљбиљ – канаринец
стар прч – успешен бизнисмен со втора жена
ороспија – втората жена
калаштура – можната трета жена
кмет – градоначалник
бакалница – Тинекс, Веро, Рамстор…
Болен Дојчин – рековалесцент
чифте амам – СПА центар, со сауна
еким – општ лекар
цар на векот – фриленсер што му оди
верни слуга – амбициозен член на политичка партија
турли, турли јадења – шведска маса
од пиле млеко – ол инклузив
газ преку глава – пивофест
камен пијан – пациент на токсикологија
чирак – приправник
пезевенк – консалтинг егзекјутив
бербер – стилист
берберина – женски фризер
учен човек – Пиејџди
млади моми – матурантки
ергени – матуранти и студенти
млада невеста – девојка што се жени пред 31
стара мома – немажена, а над 50
ептен учен човек – Доктор на втори постдокторски
влакно во јајце – нема ИСО стандарди
ќелеш – вработен во држ. администрација
свита – кабинет на министерот
стари коски – геријатрија
гемиџиja – терорист
стаорец – банкар
бела книга – дисплеј
црно писмо – тастатура
Итар Пејо – проактивен хедонист
бело крпче – тоалет хартија
Црна Арапина – Бин Ладен, Осама
стари дедо – пензионер
Печалбари – Македонска дијаспора
Туѓина – прекуокеански земји
Туѓината пуста да остане – Не се враќам Канада
мува не го лази – кулира
бела мачка не гледа – блекаут
кесеџија – инкасант
Женски Петко – метросексуалец
машкуданка – феминист(ка)
 

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Стара Коледарска песна

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи; Царот на сите и Господ,...

Close