СОВРШЕНА ЖЕНА

На предавање студентите почнале да го потпрашуваат својот професор:

„Вие сте така мудри и искрени. Сите ве почитуваат, сакаат да ве имитираат и да ве следат. Но сепак, сите нас не интересира една работа, зошто досега не се оженивте?“

Професорот затекнат со ваквото прашање, во почетокот неволно, но набрзо почнува да се отвара и да  зборува:

„Видете, јас секогаш барав совршена жена! И во тоа барање, пропатував многу земји. Еднаш сакав една преубава девојка. Беше неверојатно убава, навистина убава жена. Ниеден маж не можеше да одолее на нејзината убавина. Но за жал, нејзината душа немаше таква убавина, па по некое време се разијдовме. После тоа сретнав една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но за жал,  карактерите ни беа потполно различни и моравме да ја прекинеме нашата врска. Од тогаш видов многу прекрасни жени, но јас се уште трагав по својата Совршена“

„И што се случи, зарем никогаш не сретнавте таква?“

„Да. Ја сретнав! Еден ден се појави баш таква: Совршена Жена – паметна, убава, волшебна, продуховена, елегантна, добра … со прости зборови: совршенство!“

„И тогаш се оженивте?! – одушевено и нестрпливо во еден глас прашале студентите.

„Не! На мое големо разочарување, се воспостави дека таа бара СОВРШЕН МАЖ!!!“

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Празната книга и мастилото

Ноќ, тивка и студена. Сама сум, со солзи во очите и болка во градите. Седам покрај каминот полн со тага,...

Close