Старецот и дрвената чинија

Си бил еден старец кој живеел со синот, снаата и внукот…

Кога западнал во длабока старост веќе не бил во состојба нормално да јаде, бидејќи рацете му се треселе , поради што понекогаш му испаѓала храната од раце.

Еден ден на старецот му паднала и чинијата со храната од раце и се разбила, поради што снаата силно се налутила и побарала од сопругот да пронајде некое решение.

Синот размислил, па одлучил на својот татко да му направи чинија од дрво, за да не му паѓа храната по масата. Почнале да го тераат старецот да јаде сам, одвоен од семејството. Старецот бил толку тажен поради чувството дека е отфрлен на стари денови и присилен да јаде сам додека сите други членови на семејството јадат заедно на маса.

Како што одминувало времето се зголемувале и забраните наметнати на старецот од страна на неговиот син и снаата, и не можел веќе да ги поднесе…

По неколку месеци старецот починал. Кога обредот на испраќање од него бил завршен, сопружниците сакале да се решат од сите негови работи и решиле да ги подарат на сиромашните или да ги фрлат. Одеднаш дотрчал внукот и ја зел дрвената чинија на неговиот дедо, па татко му го прашал: „Зошто ќе ти е дрвената чинија? Што ќе правиш со неа?“. На тоа момчето му одговорило: „Сакам да ја зачувам за да можам да те хранам тебе или мајка ми кога ќе остарите како дедо“.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Вистинското во нас

Eден признат стручњак од областа на човечкиот потенцијал држи предавање. Во воведниот дел од предавањето тој зема еден портокал во...

Close