ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ ОТВОРИ ВРАТА ОД ЧЕЛИК, А НЕ Е УБАВ ЗБОР?

Решил некој цар, поради пополнување на местото на важена  функција на дворот, да ги тестира своите поданици. Веднаш се собрале сите мудреци и луѓе со повисоки положби, а царот им рекол:

-Имам дилема и ме интересира кој од вас може да ми помогне да ја решам.

Потоа ги однеле до голема врата и им кажал:

-Ова е најголемата  и најтешката врата во моето царство. Може ли некој од вас да ја отвори?

Поголем број од присутните веднаш почнале да ги нишаат главите во неверување. Помалиот дел кои ги сметале за дворски мудреци , почнале да ја загледуваат вратата, да ја допираат, но на крајот сите признале дека не умеат да ја отворат.

Меѓутоа, од насобраните луѓе  исчекорил еден човек, и пришол на вратата, почнал да ја гледа, допира и бутка. Наеднаш, силно ја повлекол и вратата се отворила! Вратата била подотворена, но не била заклучена. За отворање на подотворената врата било потребна самодоверба тоа да се стори во присуство на царот.

Царот објавил:

-Ти ќе ја добиеш положбата на дворот. Не се потпре само на тоа што го гледаш. Се осмели да го сториш  тоа што на прв поглед делуваше невозможно.

ТАКА Е И ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ: Многу врати се веќе подотворени, но ние се плашиме до крај да ги отвориме.

Текстови од истата категорија:

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Разговорот на ѕидарите

Двајца ѕидари разговараат за својата работа: Првиот ѕидар: „По цел ден само редам тули една над друга. Доаѓам рано наутро...

Close