Оставете ги да ве озборуваат

Еден брачен пар имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да прошетаат, работат и да го запознаат светот, па сите заедно тргнале на пат.

Кога дошле до првото село, луѓето коментирале: Погледнете го ова невоспитано дете. Тој седи на магарето додека неговите стари родители го влечат магарето.

Жената тогаш му рекла на сопругот: Нема да дозволиме луѓето лошо да зборуваат за нашиот син.

Мажот го симнал детето од магарето и тој седнал на него.

Кога дошле до другото село, луѓето повторно коментирале, само малку поразлично: Погледнете го овој човек, срам да му е што дозволил жената и детето да го влечат магарето, додека тој седи.

Тогаш решиле дека е време жената да седне на магарето, а синот и мажот да го влечат.

Така стигнале и до третото село. Таму луѓето повторно имале што да кажат: Сирот човек! Цел ден работел, а жената седи на магарето. Сирот син, којзнае што го чека со ваква мајка.

Бидејќи веќе не знаеле што да направат, решиле тројцата да се качат на магарето и да продолжат.

Кога дошле до следното село, слушнале како сите коментираат дека на магарето ќе му попушти телото заради тежината.

Потоа сите решиле да се симнат и пешки да си продолжат по патот.

Кога поминувале низ следното село, не можеле да поверуваат на коментарите и смеењето кое го добиле: Погледнете ги овие три будали… Одат, а имаат магаре кое може да ги носи!

Поука? Секогаш правиш нешто погрешно, глупаво, непромислено според другите.

Најдобрата работа која можеш да ја направиш за себе е да им дозволиш да зборуваат додека ти го одиш својот пат.

Не се разочарувајте од озборувањата. Сè што правите, правете го од срце!