СПОМЕНИ

Во себе
длабоко во своите светови
таму каде само
саканите се чуваат.

Спомени како рани,
длабоко
копаат во мислите.

Тага
повторно се навраќа
ме води
кон Тебе
осаменост ли се викаше?

Уморен,
празни сонови
искаени со осаменост.
Празнина околу мене
пустина во мене.

Болка,
спомени
солзи
горчлив вкус на усните.