1година kolevi.mk

Секое семејство има своја приказна, а ова е нашата. Така пред една година (28.05. 2015 година) започна www.kolevi.mk . Некако со многу ентузијазам, а со мало искуство и знаење од веб програмирање  приказната започна. И ете не во светот на интернетот.

Претходно на  разни веб сервиси како под домен (webs, weebly, wix) со воодушевување од можностите и ограничувањата, секогаш од почеток да се направи нешто свое,  еве не 1 година  со македонски домен.  Го создадовме нашиот сајт.

Нашиот пат, нашиот сон, нашиот живот. Место каде ќе можеме да споделуваме интересни и заеднички моменти со нашите роднини и пријатели, а одвреме на време да се навртиме и да ги оживееме  омилените сеќавања. Сите на едно место. Фамилија, пријатели, познаници на едно место и можност да запознаеме други луѓе со заеднички интерес, погледи, размислувања.

Скромно за почеток, но со многу желба и воодушевување од  создаденото и изграденото  за претставување на сајтот и можностите, по 1 година искуство, понекогаш со разочаруавње од очекувањата и барањето разбирање продолжувавме понатаму.

Како да се осмисли и подобро да се претстават содржините, изгледот на сајтот го менуваше ликот, а секогаш може подобро. Ново искуство  кое сакавме да го споделиме со вас кое опстојува веќе 1 ГОДИНА .

Ве покануваме да го посетите нашиот сајт како поддршка на нашата приказна.

Ве покануваме на заедничко дружње преку содржините на сајтот и споделените моменти со нас и вашите пријатели.

Секако тука е и KoleviNet како мрежа за дружење со вашите пријатели. Можете да креирате ваш профил, да го уредувате, да додадете фотографии и многу повеќе.  Додадете слика на вашиот профил – вие одлучувате што ќе додадете и кој што ќе гледа. Спомени од вашиот живот и други важни настани со фотографии и приказни.  Вашиот живот во слика.  Објавете фотографии, направте албум. Сите на едно место! Нека најубавите приказни бидат раскажани на https://kolevi.mk

И понатаму со вас,

Колеви.

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close