20 смешни цитати за бракот

„Во секој случај, оженете се. Ако наидете на добра жена, ќе бидете среќни. Ако наидете на лоша, ќе станете филозоф.“ – Сократ

„Бракот не е ни рај ни пекол, туку едно големо чистилиште.“ – Абрахам Линколн

„Совршениот брак подразбира слепа жена и глув маж.“ – Мишел де Монтана

„Пред бракот држете ги очите широко отворени, а во бракот замижувајте.“ – Бенџамин Френклин

„Бракот е прекрасна институција, но кој сака да живее во институција?“ – Граучо Маркс

„Во суштина, мојата сопруга е многу незрела. Секогаш кога се бањам во када, таа доаѓа од работа и го потопува мојот брод.“ – Вуди Ален

„Кога мажот и отвора врата на својата сопруга, или колата му е нова или сопругата.“ – Принц Филип

„Постои само еден начин да имате среќен брак. Штом го откријам, повторно ќе се оженам.“ – Клинт Иствуд

„Кога маж ќе ви ја украде сопругата, нема подобра одмазда отколку да го пуштите да ја задржи.“ – Саша Гатри

„Мојот маж и јас не можеме да се одлучиме дали сакаме да купиме кутре или да добиеме дете. Дилемата е дали да ги уништиме теписите или своите животи.“ – Рита Раднер

„Бракот е земање и давање Подобро дајте и или таа секако ќе го земе она што го сака.“ – Џои Адамс

„Жената мора да е жена постојано. Бидејќи никогаш не знае кога мажот може да стане маж!“

„Колку бракот е подолг, толку речениците се пократки.“ – Душан Радович

„Пропаднат брак е оној во кој жената поминува време во кујната исто колку што поминала пред огледалото пред бракот.“ – Тухолски

„Брак е кога одите насекаде по вашата жена, но потајно се надевате дека ќе има wi-fi таму некаде.“

„Ние имаме најдобар предбрачен договор. Се нарекува љубов.“ – Џин Перет

„Единствениот проблем во бракот е тоа што завршува секоја ноќ по водењето љубов, а треба да се изгради наутро пред појадокот.“ – Габриел Гарсиа Маркез

„Мојот маж и јас никогаш не сме размислувале за развод. За убиство, да, повремено. Но, за развод, никогаш!“ – Џојс Бродерс

„Мажите меѓу себе се разликуваат многу малку, доволно за да останете мажени за првиот.“ – Адела Роџерс Сент Џон

„Мојата сопруга и јас ја откривме тајната на среќниот брак. Два пати неделно одиме во фин ресторан на добра, вкусна храна. Таа оди во вторник, јас во петок.“ – Хенри Јангман

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Зошто црвеното вино е добро за вашето срце?

Со секое славење и празнување може да се искомбинираат доброто расположение и доброто здравје  и  задоволството што ни го овозможува...

Close