Совршено несовршени

Знаеме бајки да измислуваме
и на лист хартија да ги запишуваме
за на други да им ги читаме
за пред нив да се пофалиме
и да им е непријатно да направиме.
Знаеме на други памет да делиме
и како треба со збор да им кажеме,
но на дело не знаеме да покажеме.
Знаеме и ние, а знаат и тие
исто така како и ние.
Ама кога е за нас самите
ништо не знаеме,
дури ниту пред себе самите
не знаеме да се покаеме
и така да си олесниме.
Чудна некоја сорта сме
совршено несовршена,
моќно немоќна,
среќно несреќна.