Душопловец

Морепловец да сум
и да запловам,
ама не по море,
а и душава брод да ми биде,
а јас нејзин морнар смел.
Низ неа да пловам,
а таа мирна и чиста
како детски сон,
како мирно море,
како ведро небо,
како летна ноќ.
А јас среќен морнар
кој плови в’мирна шир
со брод лесен како пердув
спокоен и чист.
Не морепловец,
душопловец би се викал,
сам со себе би се борел
и за мирна совест
на Бога би се молел
пред да запловам во непознато,
како морепловец мирно море
што од Бога посакува,
кога од копно се одделува.