Ние Заедно

 

Ајде заедно да младееме
како ноќ и млада месечина
Ајде да сме едно до друго,
јас ноќ, а ти млада месечина,
покрај мене ти да светиш,
а јас иако темен,
покрај тебе светол и убав да сум,
како летна ноќ треперлива.
Ајде заедно да старееме
и многу да остариме.
Доволно убавини да оствариме
и по нас да ги оставиме
за и тие како нас да засветат
и убавини свои да исплетат.