Да резимираме

Значи да резимираме:
1. Вакциниран заразен мора да оди на работа или да си земе денови од одмор, се разбира ако ги има и ако е совесен за да не шири вирус во спротивно не му следува боловање.
2. Невакциниран, прележан, полн антитела, здрав, не смее да оди никаде освен на отворен простор(за сега е така, ќе видиме за брзо, можеби ќе се промени нешто, па нема да смее ниту надвор да излегува сѐ додека не го избркаат од работа и не му го конфискуваат имотот, тогаш можеби ќе мора да биде спален во масовна гробница)
3. Економијата ни цути, сѐ е отворено, кафани, хотели, кафичи… но сепак зјаат празни, кој е крив? Несовесните граѓани кои стравуваат за своето здравје и се разбира тие се оние истите кои се корумпирани, а не оние од “горе”.
4. Парче земја која одамна не е држава, прима бегалци, а не им обезбедува елементарни услови за живот на оние кои живуркаат во истата.
5. Немаме, пасоши, лични карти, таблици за коли, здравствено осигурување, но имаме ваучери за летен одмор кои можат да се искористат во зима, освен ако не биде и услов во јануари да биде минимум +35 за да го добиете истиот мизерен ваучер.
6. Персоналот во ресторанот не мора да е вакциниран, но гостинот мора.
7. ПЦР тест кој е најскап во цела Европа бидејќи нели сме имашни, мора на влез и излез од државата, но истиот не важи за влез во трговски центар, банка, ресторан и сл.
8. Антитела на прележани од 3,6, ,9 месеци не се важат, ама на оние помалку од 45 дена кои сѐ уште не се создадени, се важат.
Зборувајте ми за партии, власти и опозиции, зборувајте ми за живот, за етикети, зборувајте ми како било полошо пред 2, 5, 15, 30 години…зборувајте ми како требало време да помине за да оправиме… Ако имаш гангрена на рака или нога, не треба да чекаш да помине време, треба да најдеш чаре, лек. Ние повеќе не сме општество, ние повеќе не сме ниту со гангрена, за нас нема лек, моментално нѐ отстрануваат, нѐ сечат и не фрлаат како медицински отпад, но нѐ фрлаат на некоја отворена ливада, да гориме и да испуштаме отрови за да го дозагадиме и она најмало делче кое останало чисто, ако воопшто постои сѐ уште. Некој мора да изгори, а кој, ќе покаже времето и знам дека на малкумина ќе им значи моето лутење и гнев, но нема да се лутам на ниту еден политичар оти тие не го заслужуваат ниту тоа, ниту мојот гнев, но ќе се налутам на секој оној кој ќе остане рамнодушен и ќе каже дека тој не чита вести, не прати политика и не се замара, затоа што поради таквите постојат овие кои нѐ ништат и не истребуваат постапно, а тоа ќе го сторат на секого од нас и на оние кои се замаарат но и на оние кои наводно не се замараат.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet