Љубов е…

Да мечтаеш
да сониш
да леташ
да тониш.

Да простуваш
да грешиш
да молчиш
да тешиш.

Да замрзнуваш
да грееш
да плачеш
да се смееш.

Среќа
тага
вистина
лага.

Но пред се’
љубовта е…
Да сакаш
да љубиш
да ризикуваш
да ГУБИШ!