Смисла

Сечие право е да нема право
За секого има љубов
ако веќе има љубов во себе
Секој е попаметен
ако барем малку е паметен
Секој очекува срам од другиот
ако во себе има себесрам
Секој е разбран
ако умее да разбере
Секој има право да биде сослушан
ако умее да сослуша
Секој е бесмртен
ако умее да си ја создаде бесмртноста
Секој има некој
ако е нечиј – некој
Секој е некој
ако не е секој

Смисла

#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet