Зошто шефовите и менаџерите не сакаат да работат од дома?

Во некои клучни аспекти, работењето од дома кое го наметна ковид пандемијата,  сакале или не, таа епизода која уште не е завршена ќе изврши дефинитивни промени во работниот пејсаж. И кога рестрикциите се укинуваат, некои фирми продолжуваат на вработените да им ја оставаат опцијата да работат од дома, што поради продуктивноста, што поради намалувањето на трошоците.

Ланска студија покажува дека огромен број вработени го фаворизираат работењето од дома, поради бројните погодности кои тоа ги нуди. Сепак се чини, најголем отпор има кај менаџерските слоеви.

Тоа е така затоа што во модерниот бизнис, менаџерството сè помалку се гледа како вештина а сè повеќе како титула, нешто во што луѓето сè унапредуваат а што ја носи привилегијата да викаш по луѓе и да ги срамиш на состаноци. Одземи им го физичкиот простор на тој тип менаџери, и ќа видиш како им е тешко да ја оправдаат својата улога во фирмата освен со тоа што делегираат задачи и се константно незадоволни од резултатите.

„Одземи им ја опцијата да изгледаат продуктивни, со тоа што постојано зјаапат во монитор а по телефон скогаш гласно ќе потенцираат како глава на можат да дигнат, и веднаш станува јасно колку тие шефови и менаџери всушност ништо не придонесуваат за успехот на фирмата“.

Краткиот одговор на прашањето од насловот е: не сакаат од дома бидејќи така помалку можат да им се чаталат на оние под нив а повеќе може да се види дека всушност ништо не работат.

Компилација од Офф Нет