Героски му порачува на Заев – “Ево ти га на”

Зоки Заев нема да поднесе оставка ако ги изгуби локалните избори. А веќе ги изгуби. И ќе ги доизгуби на 31 октомври.

Он ќе дал оставка. И цела влада ќе дала оставка. Иди бегај бре!

Уште не го научивте муртинецот? Уште не ве излажал? Со ручето на градите?

Што бидна со камшикарот? А со метлата? Што бидна со сите други негови ветувања?

Зоки Заев не си стои на зборот!

Ви реков еднаш, тој е човек кој не игра според ниту едни познати правила на игра. Да играте со него е како да играте шах со мајмун – ќе ви се смее, ќе цивка па ќе врска, ќе рипа на столчето, ќе ви краде фигури и на крајот ќе ви ја растури таблата.

Најмногу што може тој да стори после поразот е да поднесе некаква лажна оставка. Како онаа на Венко Филипче. Која ќе биде прифатена или отфрлена дури откако ќе заврши истрагата за тоа кој е виновен за поразот.

А истрагата, нормално, ќе покаже дека виновен е продужниот кабел. Кој ќе биде кабелот? Љупче Путеро можеби?

Преслушајте ја внимателно изјавата на Заев, тој ја квачи веќе трет ден. Зборот оставка не го спомнува. Тој вели дека ако СДСМ ги изгуби Скопје и поголемиот број општини, тој и владата немало да можат да влече напред.

Ја мајката!

Ова е дел од колумната на Бранко Героски на Плусинфо.

Целата колумна на овој линк: https://plusinfo.mk/evo-ti-ga-na-zoki/