Тешко е ако немаш никого

Можете да ме сакате
Можете да ме мразите
Можете да ме приметите
Можете да ме одминете
Можете да ме читате
Можете и да ме прешкртате
И сѐ е важно
Но и ништо не е важно
Ниту јас Вам
Ниту Вие мене
Бидејќи
Секој може без секого
Но тешко е ако немаш никого
#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic