Грк, Македонец, стара баба и плавуша во воз

Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша. Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел – па така секој размислува во себе:

Бабата си мисли: – Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една…

Плавушата мисли: – Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една…

Гркот мисли: – Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене…

Македонецот мисли: – Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го расшамарам Грков!