КУЌАТА СТАНУВА ДОМ КОГА ИМА…

КУЌАТА СТАНУВА ДОМ КОГА ИМА ДОВОЛНО ПРАШИНА ЗА ДА НАПИШЕШ „ТЕ САКАМ“

Чистењето на домот е ноќна мора за секоја домаќинка. Покрај обврските на работа, пазарање, деца, она што ве чека во домот е само капак на лудилото. Но, за една домаќинка тоа изгледа вака:

„Мои Дами! Запомнете дека слоевите на прашина го штитат дрвото кое се наоѓа под нив. Куќата станува дом кога на мебелот ќе можете да испишете „Те сакам“. Знаев секој викенд да чистам барем по 8 часа, бидејќи сакав сé да биде чисто и совршено, во случај некој да наврати на гости. Конечно, еден ден сфатив дека ника никој не дојде – сите беа надвор, живееја и се забавуваа. Денес, кога луѓето ме посетуваат, не морам да им објаснувам за состојбата во која се наоѓа мојот дом. Сите се воглавно заинтересирани за нештата што сум ги направила и постигнала додека живеам и се забавувам. Ако тоа сé уште не сте го заклучиле самите, ве молам да го послушате овој совет: Животот е креаток. Уживајте го! Чистете само колку што морате. Зар не би било поубаво да насликате слика, или напишете писмо, или испечете колачи, или засадите цвет… Зар не би било подобро кога би ја научиле разликата меѓу „сакате“ и „морате“? Чистете колку што морате, ама немате премногу време за реките кои би можеле да ги препливате, планините на кои би можеле да се качите, музиката која сакате да ја слушате, пријателствата што сакате да ги задржите и животот кој сакате да го живеете. Чистете колку што морате, ама животот е таму надвор, со сонце во вашите очи, ветер во вашата коса, снегулки на вашето лице, капки дожд… Овој ден нема да се повтори! Чистете колку морате, но имајте на ум – староста ќе дојде, и не е љубезна, а кога ќе умрете, а ќе умрете, и вие самите ќе станете уште повеќе прашина…

Размислете и живејте!