ДЕНОВИ

Денови

чудни некои денови,

патуваат во времето, заборавени.

Денови

тишината ја заменува осаменоста,

песочниот часовник   незапирливо истекува.

Денови

ветерот свири неразбирлива мелодија,

ја разбркува тишината која се спушта.

Денови

светлината ја отвара вратата на новиот ден,

се отвара нов свет, нови слики, нови спомени.

Денови…