Што е ништо, а што е се?

Еден ден жената побарала нејзиниот маж да ѝ купи чешел за да ја исчешла својата коса.

Мажот чувствувајќи жал ѝ одговорил дека не може, притоа објаснувајќи ѝ дека нема доволно пари ни да го поправи каивчето од неговиот часовник кое се расипало.

Таа не инсистирала.

Следниот ден,  кога мажот заминал  на работа поминал покрај продавница за часовници, го продал оштетениот часовник по многу ниска цена и заминал да купи чешел за својата жена.

Вечерта кога дошол дома го држел чешелот во својата рака за да ѝ го даде, но се изненадил кога видел дека таа ја скратила својата коса.

Таа ја продала својата коса и со парите му купила нов часовник.

Кога двајцата се погледнле солзи течеле од нивните очи, но не заради залудноста на нивните постапки, туку заради нивната взаемна љубов.

Поука: Љубовта е ништо, да бидеш сакан е нешто, но да бидеш сакан и да ја сакаш личноста што те сака е сè.