КРУГ

Испишани страници пожолтени од стоење,
некогаш мирисаа со мирисот на среќа.

Ја затварам книгата на спомените,
правам промаја во сопствената душа.

Како да ги избришам трагите
во паметот втиснати?

Залудно
со солзи го измивам времето поминато.

Ќе ме разбуди утрото,
сепак,
спомените!