И бојата на розата носи своја симболика

И бојата на розата носи своја симболика

Секој цвет има свое значење, а освен тоа и бојата на цветовите носи симболичка порака. Најподаруван цвет на светот  е розата кој е симбол на љубов и благодарност. Одредена боја на розата пренесува различна порака до онаа личност на која и подаруваме роза.

Црвена роза

Црвената боја е позната како боја на љубовта. Рози со црвена боја се симбол на љубов и романтика, симболизираат убавина и совршенство.

Бела роза

Позната како невестинска роза, белата е традиционална роза на свадбите во многу култури. Оваа роза претставува единство, доблест и чистина на нова љубов. Белите рози се поврзуваат и со чест и сеќавање, особено на блиска сакана личност.

Жолта роза

Низ историјата жолтата боја е тесно поврзана со сонцето, правејќи ги овие рози одлични за расположување на луѓето. Жолтите рози испраќаат порака на платонска љубов без романтични намери. Бојата исто така претставува чувства на радост и задоволство.

Розова роза

Розовата боја ја има конотацијата на елеганција и нежност. Темно розовите рози се симбол на благодарност и почит и традиционален начин за заблагодарување. Светло розовите рози се поврзуваат со нежност и восхит, а може да се употребат за да се изрази симпатија. Одличнен подарок се за новите мајки.

Портокалова роза

Портокаловата роза се гледа како мост помеѓу пријателството изразено со жолтата и љубовта изразена со црвената роза. Можат да бидат изразување на фасцинација или пак гордост.

Превземено од  www.hybread.mk

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Како го поминав летниот распуст

Писмената задача на едно дете од Босна и Херцеговина која  ја следи семејната приказна раскажана од аголот на едно дете. Иако...

Close