Да прелее

Натопи ја душата
во прегратки и бакнежи,
да омекне од крутоста секојдневна.
Да омекне од штиракот
секој ден што ја полева,
направен од стравот
од оние што со болки ја боцкаат,
ја парчосуваат како ветерот
пајажина кога кине.
Натопи ја, ќе омекне,
и потоа со љубов наполни ја,
да прелее како чаша вода
кога ќе прелее.
Остави ја да прелева
додека тагата не се излее
и само чиста љубов да остане.
Онаква чиста како од извор вода
на највисока планина што извира
и да ја гасне и твојата и жедта
на таквите како тебе.
А да ги брка оние
зли јазици како огнови најжешки
што пустош прават на души невини.

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close