Дефиниција за тага

И не ќе е тажно тоа
што еден ден ќе ме немаш
Не ќе е тажно ниту тоа
што и тебе ќе те нема
И нема да е тажен ниту мигот,
кога на клупата ќе седнам сам,
а крај мене ќе недостасуваш ти.
Не ќе е тажна ниту сликата,
како на истата клупа седиш ти,
а крај тебе мојот недостиг.
Тага ќе е, кога ќе останам сам
Тага ќе е, кога ќе останеш сам
без да ни недостига недостигот наш.

 

About the author: Kolevi. Mk Support
Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
За полуинтелектуалците од високата средна класа

Овие полуинтелектуалци од високата средна класа се самоперципираат како културна елита, па снобовски меѓусебно се дружат, меѓусебно се самофалат, меѓусебно...

Close