Ден

Ден

Цвет денес нема да ти подарам,
оти тој во корен пресечен ќе биде
и во рацете ќе ти се исуши
и срцето ќе ти го натажи.
Јас цвет ќе ти бидам,
а и ти мене.
Денес јас ист ќе ти бидам
како вчера и преквчера,
спремен таков да останам
и утре и задутре
заљубен и горд.
Горд што до тебе чекорам
во животни битки,
и што тебе те имам
за твој да бидам.
Денес е ден како и секој ден.
Ден на радост и љубов
што од Бога сме јас и ти
во едно преточени,
од вчера во денес дојдени
за утре зажелени
и бескрајно заљубени.

#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic

Мирјана Наумовска,

Објавено на фејсбук на 08.03. 2018 година

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!

ВЕДРАНА РУДАН: НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! Вие кои немате дете, ни дете од своето дете, немате идеја...

Close