До земја те сакам

Човек е како капка.
Од небото паѓа
залетано и брзо.
И животот е таков
невидлив и брз.
Како капка живееш
и најчесто паѓаш.
Кога во нешто ќе удриш
ќе се одбиеш и ќе се кренеш,
за миг ќе се освестиш,
и пак паѓаш.
На некој лист од најубав цвет
ти ќе подзастанеш,
и полека се лизгаш.
На цветот му се радуваш,
го гушкаш и го милуваш,
и во него се заљубуваш.
Но живот е тоа,
на тоа забораваш
се лизгаш и паѓаш.
И во еден миг
на земјата си паднал,
а таа жедна и алчно те пие.
Во себе те зема,
те покрива сиот.
А ти капка испиена,
те снемува, испаруваш
и кон небото се креваш,
таму од каде што падна.
Затоа,
не те сакам до небо,
до земја те сакам!

 Објавено од Мирјана Наумовска на Фејсбук

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Прогласот на Мирка Велиновска

Макeдонци, На 30 септември, македонскиот народ во земјава и дијаспората преку БОЈКОТ го отфрли ултиматумот од Преспа, но и членството...

Close