Душа

Ќе ти рече некој
душата да си ја отвориш,
се да си кажеш па ќе ти олеснело.
Душа не се отвара секому и секаде,
оти тоа е како шише затворено
потонато длабоко во морето.
Внатре чисто се прозира,
внатре да погледнеш,
чиниш празно е, нема ништо,
ама се око не може да види
само срцето може да осети.
И душата е иста како шише,
ќе влезат и штеточинки,
кал и ѓубришта разни,
и шишето ќе го загнасат,
ќе го наполнат и ќе му натежнат,
а тоа уште подлабоко ќе потоне
и во тињата за навек ќе исчезне.

избрани зборови од песната Душа

#зборовиМаркоВиденовиќ

објавена од Мирјана Наумовска на фејсбук

16.03. 2018 година

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Зошто треба да оставате паричка во фрижидерот?

После одмори или подолго отсуство од дома, по дигиталните саати и тајмери кои ги имате по дома сфаќате дека некое...

Close