Фризерот и Господ

Влегува човек во фризерски салон да се потшиша и да ја скрати брадата како и обично. Започнува необврзувачки разговор со фризерoт. Разговарале за се и сешто во животот.

Ненадејно ја допреле темата и за Господ. Фризерот рекол: Знаеш  што, јас не верувам во господ. Зошто – го прашал човекот. „Многу едноставно, излези на улица и ќе сватиш дека не постои Господ. Објасни ми го ова: ако постои Господ, би имало ли толку многу болни луѓе на планетата? Дали би имало напуштени деца? Дали би имало војни? Ако постоел Господ сигурно нема да има толку страдања, сиромашни луѓе. Ако имаше Господ сигурно немаше да дозволи вакви работи да се случуваат. Нема Господ“

Човекот замолчел. Се чини дека фризерот има право. Тој немал контра аргуменит. По неколку минути, фризерот ја завршува својата работа.

Човекот платил, се заблагодарил и излегол од фризерскиот салон. Набрзо кога излегол н аулицата здогледал човек со долга коса и запуштена брада. Изгледал неуредно и неичешлан. Човекот на момент застанал и го гледал.  Одеднаш се свртел и се вратил во фризерскиот салон и му рекол на фризерот:

„Знаеш што? Фризери на постојат!“ „Како не постојат?“ – запрашал фризерот. „Ра убави не постојат, ако постоеа немаше да има неуредни и запуштени луѓе како оној што го видов на улицата“.

„Пријателу мој, фризерите постојат, само што луѓето не доаѓаат кај нив“ – возвратил фризерот.

„Точно!“, потврдил човекот и додал: „Исто така и Господ постои само што луѓето не доаѓаат кај него!“

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Репринт на постови од страницата

Во ноќта снегулки паѓаат од небото полека, тивко и нежно го покриваат патот. Ако паднеш стани и продолжи да одиш....

Close