Годините минуваат, а и времето не останува исто…

Годините брзо поминуваат, а времето не застанува… Колку е само кратко времето помеѓу детството и станувањето возрасен. Кога сме деца едвај чекаме да пораснеме, а кога ќе станеме возрасни сѐ што посакуваме е да се вратиме во детството.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-001.jpg

Освен што брзо минува времето, и нештата брзо се менуваат.

А, ова се само дел од нештата кои докажуваат колку животот беше поразличен кога бевме деца:

1. Им верувавме на соседите

Денес, ретко кој си ги знае соседите и воопшто не се ни трудат да ги запознаат. Порано, соседите беа оние кои ја чуваа куќата и милениците додека не бевме дома и барем еднаш неделно се пиеше кафе или кај нас или кај нив дома.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-002.jpg

2. Сѐ се правеше рачно

Поради брзото темпо на живеење и недостатокот на време, сѐ што се готви е од некакво пакување. Токму поради тоа што денес сѐ е од кесичка, готвачките способности се скоро исчезнати и скоро никој не прави ништо рачно.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-003.jpg

3. Ги почитувавме постарите

Порано, на секој оној кој беше повозрасен од нас му персиравме, им отворавме врати, им го нудевме нашето место за седење и ги слушавме со длабока почит додека зборуваат. Денешните млади не знаат да покажат почит, иако постарите генерации се заслужни за сето она што тие денес го имаат.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-004.jpg

4. Децата беа деца

Денешните деца ги чуваат под т.н. „стаклено ѕвоно“ каде не смеат ништо да прават. Од сѐ може да се повредат или да си наштетат себеси. Кога ние бевме деца, дозволено беше да се скока на јаже, да се игра со песок или кал. Затоа нашите имунитети се силни и отпорни на болести, а нивните ќе бидат многу послаби од нашите.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-005.jpg

5. Уживавме во квалитетна забава

Телевизиските програми денес се полни со глупости и ретко има нешто интересно за гледање. Во минатото, на телевизија имаше квалитетна програма забавна за сите членови од семејството, имаше разни поучни емисии, забави за деца… И точно се знаеше колку време трае сето тоа.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-006.jpg

6. Работите се правеа со љубов

Сигурно се сеќавате на сета облека која ви ја шиеше мајка ви и како со гордост ја носевте секој ден. Во секое конче се чувствуваше љубовта и трудот со кое парчето е направено.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-007.jpg

7. Никаде не се брзаше

Се уживаше во моментот, се двоеше време и се посветуваше на оние важни нешта.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-008.jpg

8. Постоеја практични знаења

Во средно училиште имавме предмети за учење на практични вештини. А, тие часови беа доволни за да нѐ оспособат да не мора да чекаме некој друг да ни подготви храна или сами да знаеме да си го поправиме автомобилот.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-009.jpg

9. Се ценеше образованието

Секој учеше затоа што сакаше да учи и да знае. Денес децата учат поради оценки и колку да ја поминат годината.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-010.jpg

10. Нештата се чуваа во тајност

Благодарение на социјалните медиуми, точно знаеме кој кога прави свадба, кога имале дете… На времето, проблемите со здравјето и кршење на срцето беа само за оние најдоверливите пријатели и за семејството, а не за целиот интернет.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-011.jpg

11. Се живееше скромно

Се штедеше и парите се трошеа на разумни нешта. Се живееше скромно и парите не беа трошени залудно, а децата знаеа дека ако сакаат нешто посебно, ќе треба да си заштедат пари и сами да си го купат.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-012.jpg

12. Поминувавме време заедно со семејството

Денес, ретко кое семејство јаде заедно, секој ќе касне набрзина и ќе продолжи со тоа што го има за правење. Кога ние бевме деца, сите јадеа во исто време, седнуваа на маса и разговараа.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-013.jpg

13. Му се помагаше на оној кому е потребна помош

Колку пати досега сте виделе млади луѓе како целосно игнорираат некој на кого му е потребна помош? Ова никогаш не се случуваше кога ние бевме деца. Нас нѐ учеа да помагаме и да бидеме добри граѓани.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-014.jpg

14. Знаевме што е романтика

За денешните млади, поради сите апликации за романтични состаноци и кежуал врски, романтика не постои. Порано, младите мажи и жени навистина долго се запознаваа и се „дружеа“ пред да направат некој друг чекор, а како резултат на тоа, нивните врски беа посреќни и поисполнети.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-015.jpg

15. Постоеше добра услуга

Оваа уметност е скоро исчезната. Ретки се луѓето кои ќе ви се насмевнат додека ве послужуваат или ќе се однесуваат љубезно со вас. Ретко кој во администрација ќе се потруди да ви заврши работа што е можно побрзо и тоа без непристојни дофрлувања.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-016.jpg

16. Се ценеше минатото

Најголемото нешто што се сменило од кога ние бевме деца до денес е тоа што никој не седи на тремот слушајќи ја својата баба како раскажува приказни и помагајќи ѝ во домашните работи. Денес, изгледа како ситница, но порано тоа било навистина важно за зачувување на традицијата и културата на народот.

nekogash-i-denes-kolku-se-promeni-zhivotot-otkako-nie-bevme-deca-017.jpg

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Кога ми недостигаш

Мислам туѓи мисли Го крадам своето време Го провлекувам Помеѓу облаците, соништата, Далечината и снегот Кога ќе посакам Да ти...

Close