Голем си

Голем си,
кога над себе сѝ ќе се издигнеш
и кога оние кои сонцето
ти го сокривале,
ќе ги покриеш со сенката своја,
а сенката да ти биде сплетена
од добрина и чесност,
од верба и трпение.
Голем си,
кога ќе ги облееш
со топлина и убавина,
со нежност и љубов
оние кои те грееле,
додека оние другите,
сонцето ти го сокривале.
Голем си,
кога во себе,
себе сѝ ќе си признаеш,
дека си мал и обичен,
дека си ист
како оние кои те грееле,
додека оние другите,
минливите и неважните,
сонцето ти го сокривале.

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
За правната шизофренија

Читам, Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспределува. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното...

Close