Хани – цмок, хани – цмок…

АМЕРИЧКИ ФИЛМ

Фак ми ако уште еднаш седнам да гледам американски филм!

Седнах, пуштих драма, викам чеки саа да се опуштам, ќе заспам, а бе пичка ли им лепа материна живците ми ги сокинаа, не заспах до сабајле, кутија цигари испуших на терасата од нервоза! Значи вака бидна:
Пуштам, филмо почнува вака: рано сабајле, мажо и жената оште спијат, гушнанки у загрљај, жената исчешланка, нашминкана, а тај еден маж!? измазнан, избриченн, исчешлан, ни мрднува, ни прднува! Заѕвони саато, подразбудија се, и одма почнаа да се лапат за добро утро!

Ејгидии, чудам се, викам си по ак’ло, а бе тии човеци мора за вечера да се јаделе поховани херба бомбоне по 300гр. а не кату нас, говеда, напукааме се сношти пржено сирење, френка, и лукосани чушки, добро ставииме и магданос да убие смрдеата од луко, ама џаба! И как оби нема да се лапат а ние ќе се лапаме, ај ми кажи ти на мене?! Тава ми беше првичнио шок! Сега, стриктно на жената се концентрирам, да видам она до дека е стигнана у живото а до дека сам јас! Шо ми требаше?! Жената у еден ден, стигна да оде сабајле на џогинг,да се истушира, да оде на работа, после да си прибере децата од школо, да оде у шопинг, у книжара книга да си купе, со другарките на кафе да оде, да копа китките у бафчата, да напраа и појадок и ручок и вечера, и ужини, дома сичко цакум-пакум, а влеват-излеват, облечуват-соблечуват, јадат,пијат, а куќата СВЕТЕ! Чистачка, т.е. куќна помошничка не видех нигде, изгледа за време на рекламите и чистаа, не знам, нисам паметна! Жената за цело време беше дотерана, таква пицнана, дури и гомната од кучето ка ги збираше по дворо, со штикли беше! А со мажо и, здробија се бацувајќи! На секое влеване и излеване од дома, они се бацуваа! Хај хани-цмок, бај хани-цмок! И така, едно четиријсе пати! Они колко се избацуваа за сатипол, ние со мојо маж за цел живот се нем’ме избацувано. Памтам така ка се регистрирааме се бациме и после од нова година на нова година и тва не секоја!

Децата па на ваа жената у филмо, как и беа у ред туренки-свака част! А бе 9 саато, само шо кажа мајката, ајде деца време е за спање, ни крк ни мрк тија дечичката, право си легнаа! Јас ка ќе замалеам, ајдеее 10 саато, ајдее 11 саато, ајдеее 12 саато, и ќе заспам попрва малеејќи, изморена од живото, а и плус паднан притисоко од луко, купа станувам! И не ми е гајле веќе кој легнал, кој јадел, кој заспал! И ја, нервирах се од тај филмо, нервирах се, цела ноќ! Зашо, толкаво жениште сам, не можам ни 12% да постигнам у дено, од американката шо направи! А најкриво ми стана, мажот и ни еднаш не га препцуја! А бе еднаш да и кажеше само, пичка ти мајчина, да ми напраа ќеифо, ма јооок, од хани подоле не га симна! И саа, у Америка така ли е, не ли е, јас не знам, може оти на филм! Пред да заспам, така се утеших, тава само на филм е изгледа!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Некој и никој

Губиме луѓе и од овој свет Губиме луѓе и на овој свет Некои си одат за навек од овој век...

Close