И потоа…

Со откривањето на струјата и сијалицата
светлината се префрли и во ноќта
ама луѓето продолжија навечер да спијат.

Со автомобилите и авионите
мобилноста се зголеми и се стасува брзо
од едно место на друго,
ама луѓето продолжија да одат на две нозе,
не им пораснаа ни тркала ниту крила.

Денес, со интернетот и мобилната телефонија
стана достапна секоја информација
и се остварува секаква комуникација
ама луѓето не престанаа да бидат осамени
и потиштени, дури и повеќе од порано.

Утре, ако дочекаме, којзнае што ќе има?

Технолошкиот прогрес постои, не дека го нема,
ама дека води до некоја среќа,
тоа е суштинска заблуда
уште од просветителството наваму
и само се пресоблекува во нови кошули
на копчиња или на патент.

Инаку, човекот си е ист,
и после 07 мај 2016…

 

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close