За нас

Сајтот  https://kolevi.mk  е непрофитабилен сајт, мал прозорец  и можност за комуникација со сите вас кои ќе се регистрираат на сајтот кој е креиран со целосна функционалност и  налик на веќе познатите социјални мрежи. Можност да создадеме поголема мрежа на пријатели, да споделуваме прекрасни моменти и незаборавни спомени.

Слично како и на познатите социјални мрежи, на сајтот можете да креирате свој профил, да го уредувате додавајќи своја фотографија, да објавувате, да коментирате, да поставувате линкови, да додавате свои пријатели, да испраќате меѓу себе пораки, да одредувате кој ќе ги гледа вашите објави и многу повеќе.

Секое семејство има своја приказна, а ова е нашата. Тоа е нашиот личен багаж од спомени,  настани, случувања, фотографии и видео-клипови  кои сакаме да ги споделиме со нашите роднини, пријатели и колеги  или можеби нови пријатели. Затоа за дел од содржините кои се поставени на сајтот  е потребна и регистрација како зачленување на сајтот. Останатите содржини само го надополнуваат интересот во моментот на некое случување, интересни или корисни содржини или стории, убави мисли или духовити забелешки. Секојдневие изразено во еден виртуелен свет на технологијата.

Затоа ќе Ви бидеме благодарни доколку оставете ваша препорака, забелешка, мислење или коментар.

Секоја остварена комуникација со посетителите и членовите на сајтот ја разбираме како поддршка на нашата приказна. Нека биде ова и покана преку содржините на сајтот да ја споделете и Вие вашата приказна со нас.

И секако, не заборавете да не посетите повторно!!!

Колеви.