ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА НЕМОЌ РАЃА АГРЕСИЈА

Објавено на 26 февруари 2016, 19:00 од Редакција на Капитал во lifestyle
Фељтон: Агресијa- моќта на човечкиот деструктивен нагон (2)

Капитал и Професор доктор Методи Чепреганов објавуваат серија текстови поврзани со агресијата. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество. Професор Чепреганов е со став дека агресијата и самоувереноста се чувства кои доминираат, преплавуваат, ја поматуваат свеста и интуицијата и затоа пошироките народни маси треба да се што повеќе свесни за причините и последиците од ваквата појава.

Пишуваат:

Проф. д-р. Методи Чепреганов, невропсихијатар
Теодора Костовска, интернационален учител на Art of Living

Кај човекот честопати, поради интелектуална немоќ за справување со соговорникот, отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи, се раѓа и се активира агресивноста.

Секое несакано дејство на една личност насочено кон друга, не е важно дали се однесува на материјалниот, емотивниот или на менталниот интегритет и, без разлика, дали резултатите од таквото дејствување се штетни, корисни или неутрални по трети лица, кога се против слободната волја на личноста и се меша во неговото право на самоопределување и принципот на автосопственост, се сметаат за насилни или агресивни.

Поимот агресија доаѓа од латинското aggressio, што значи напад. Многу (зло)употребуван збор, чијашто номинална дефиниција во значенска смисла на зборот означува: aggredi, од ad gradi , gradi = чекор, ad = кон , значи чекор кон напред, за разлика од regredi, чекор кон назад , поточно, во преносна или симболичка смисла, зборот агресија буквално значи напад. Еден голем мислител од источната мистика вели: одам чекор напред за да сум поблизу до непријателот и да го нападнам и победам, крајно симплифицирана симболика, која е најблиску до вистината и реалноста во животот.

Во 1912 година, во трудовите на Сигмунд Фројд и Алфред Адлер агресивноста добива и психолошко значење како “непријателско или деструктивно однесување“.

Во секојдневната употреба агресијата означува штетни дела уништување или оштетување на сé што не опкружува, неживо, или живо под дејство на деструктивни пулзии и импулси кои го гонат секое суштество. Кај човекот честопати, поради интелектуална немоќ за справување со соговорникот, отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи, се раѓа и се активира агресивноста.

Агресија,во најширокасмисла на збороте начин на однесување, размислување, делување со силен непријателски набој кон соговорникот..

Агресијата и самоувереноста се чувства кои доминираат, преплавуваат, ја поматуваат свеста и интуицијата. Не ретко се случува, луѓето кои се чувствителни да пројават тенденција на агресивност, во знак на заштита, се повлекуваат, за да ја избегнат можноста да бидат повредени. Со ваквиот однос се губи префинетоста на интуицијата, бидејќи за неа е потребна чувствителност, а чувствителноста честопати е многу болна. Со цел да се избегне болката, се станува агресивен и наметлив, а за возврат се губи драгоценоста на непроценливо вредната интуитивна способност. Интуицијата секогаш е блиску до вистината, а за да биде вистинито, не треба да биде агресивно и наметливо!

Агресијата може да има различни форми и изрази, од скриено, внатрешно, пасивно агресивно до вербално и физичко, во знак на одмазда или провокација. Произлегува од отворени или потиснати непријателства, потиснување на непријатни емоции, неврози, континуирана фрустрација, насочена кон надвор или против самиот себе си. Агресијата е чин на иницирање на непријателствата или инвазија, практика или навика за напади, непријателски активности или деструктивно однесување.

Многуте широки и длабоки истражувања на полето на агресијата и агресивните однесувања, одделуваат или разликуваат две широки категории агресија. Едната вклучува афективно (емоционални) непријателска или одмаздничка агресија, а другата инструментална, целно – ориентирана или предаторска агресија.

Предложени се голем број класификации за агресија, кои зависат од тоа дали агресијата е вербална или физичка, дали вклучува релациона агресија, како што е тајно силеџиство и социјална манипулација или не, дали наметнува штета кон другите или не, дали дејството е активно изразено или пасивно, дали агресијата е директно или индиректно насочена.

Цврстите ставови или мислења кои водат до агресивно однесување, се случуваат оној момент кога ќе наидат на спротивставување.

Класификацијата, исто така, опфаќа агресија поврзана со емоции, на пример, лутина, бес, љубомора и ментални состојби, како што се гневот, импулсивноста, непријателството и омразата. Агресијата може да се случи како одговор на социјалните и несоцијалните фактори, хронични или акутни стресни состојби, ефекти од насилство на медиумите, стриповите, идентификувањето со карактеристиките на агресивните личности или како начин на однесување (заплашување како стил), додека оперативната агресија може да биде иницирана од морални или политички ставови.

Непријателството е когнитивна компонента на агресијата. Цврстите ставови или мислења кои водат до агресивно однесување, се случуваат оној момент кога ќе наидат на спротивставување. Непријателска агресија е кога се реагира агресивно и импулсивно, воочувајќи или наоѓајќи се пред закана и навреда. Спротивно на тоа, инструментална агресија е потребата од користење агресија за стекнување на повеќе долгорочни цели.

Oсновната цел на агресивното однесување е стекнување контрола надпојавите. Лично предиспонирана особина за напад, во одбрана на сопствените ставови и концепти, наспроти другите луѓе. Агресивноста се смета за деструктивнаформа на комуникација и покрај тоа што понекогаш може да произведе и позитивни резултати.

Неколку основни причини за агресивно однесување:

Фрустрација – произлезена од блокирање во реализирање на намера или цел од страна на некого, индивидуален недостиг или фактор време.
Социјално учење –каде што агресивното однесување го пресликуваме или го осознаваме од набљудување надруги лица.
Психопатологија – поединецот напаѓа други лица, бидејќи има сопствени нерешени прашања, немање аргументативни вештини, односно интелектуална немоќ и недостаток на вербални способности за справување со одредени прашања или ситуации, за жал најчеста и тоа како политички инструмент, например тепачки на улица помеѓу припадници на различни етникуми, или партии, конфликти на јавни места, во училишта, во автобуси, бодежи со ножеви, убиства.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Сине мој, го дадов живот за тебе а ти заборави се!

Емотивно писмо од една стара мајка до својот син: Сине мој! Ова писмо е од твојата мајка која одамна ја заборави....

Close