Каде погрешивме

Каде се загубивме,
каде се разделивме?
Заедно тргнавме,
под небото зачекорувавме
на сонцето му се радувавме,
на дождот си игравме,
во снегот се прпелкавме.
Со парче леб и пипер
се заситувавме
со вода жедта ја гасневме
и среќни растевме.
На цветот песни му пеевме
помалку се гушкавме
а повеќе се сакавме,
и задоволни живеевме.
Поретко се бакнувавме
ама на секој бакнеж
до небо му се радувавме
и со години го паметевме.
Многу немавме,
а се наше беше.
А сега?
Сега сѐ загубивме и залутавме
и во душите се разделивме,
многу осиромашивме.
Се бориме се во рака да имаме
а во душата празнина и темнина
и само алчност и себичност.
Каде ли погрешивме,
па вака се загубивме?

 Мирјана Наумовска, фејсбук статус

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Писмото на една мајка

Имав мајка со едно око. За жал, прилично ја мразев, бидејќи со својот застрашувачки изглед често ме доведуваше во непријатни...

Close