Што е поздраво да се пие, чај или кафе?

Според мислењето на Џозеф Ривера од сајтот Coffee Chemistry, кога станува збор за позитивните последици по здравјето, Џозеф наведува низа причини зошто кафето е поздрав пијалак од чајот.

Неколку од нив:

1. Кафето помага во заштита од депресија и можно самоубиство

Досегашните студии покажале дека умереното консумирање кафе ги намалува самоубиствените намери кај тинејџерите. Докажано е дека ја намалува депресијата кај луѓето кои страдаат од неа.

Одењето во кафулиња ги зголемува дружењето, комуникацијата и љубовта кон луѓето, додека од друга страна, шолја чај некако по некое непишано правило се пие во домот, така што најчесто се поврзува со осаменоста.

2. Кафето има позитивно влијание на цревата

Според Ривера, кафето содржи голема концентрација на хлорогена киселина која го зголемува степенот на движења во цревата благодарение на производството на гастрин и холецистокинин.

Еден од бенефитите на подобра работа на цревата е намалувањето на ризикот од рак на дебелото црево.

3. Кафето го намалува ризикот на рак на црниот дроб

Консумирањето на кафе во умерени количини го врзува железото со полифенолите од кафето, намалувајќи ја концентрацијата.

Покрај превенцијата од рак на црниот дроб кафето исто така ги намалува можностите од заболување од хепатитис Ц, цироза на црниот дроб и замастување на црниот дроб.

4. Кафето може да спаси живот

Во листовите чај има повеќе кофеин отколку во зрната кафе. Но, во моментот кога зрната кафе се сварени, кафето има повеќе кофеин. Зголемувањето на енергијата од шолја кафе може да го разбуди организмот, додека шолја чај нема да го даде тој резултат.

Тоа може да ви го спаси животот во текот на денот, да спречи бројни сообраќајки кои се случуваат токму поради поспаност и умор.

Токму ова се главните причини зошто кафето има низа позитивни придобивки за луѓето, смета Ривера.

ПС: кафе пред се, мој избор.

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!

ВЕДРАНА РУДАН: НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! Вие кои немате дете, ни дете од своето дете, немате идеја...

Close